Младинско застапување за граѓански и човекови права и слободи

Период на реализација: 01.11.2009 – 30.10.2010

Донатор(и): Амбасада на САД во Македонија

Краток опис на проектот: Во периодот од февруари до ноември 2010 година, МОФ и НВО инфоцентар го спроведуваа проектот “Младинско застапување за граѓански и политички права“ [Youth advocates for Civil and Political rights]. Целта на проектот е да се подготват младите да учествувааат во процесот на демократизација на македонското општество преку аналитички осврт на општествените  појави и активно учество  искажување на сопствените ставови и мислења. Специфичен досег на овој проект е  да се зголеми нивото на информираност  кај младите за фундаменталните човекови права со посебен акцент на слободата  на изразување и слобода на уверување. Главните проектни активности се спроведуваа во Дебар, Струмица, Штип, Битола и  Велес  вклучуваа: обука за тренери, работилници за средношколци, јавни дебати и дебатен фестивал.

Во рамките на проектот Младинско застапување за граѓански и политички права учесниците беа запознаени  што значи владеење на правото и  како стекнатите знаења да ги применат во секојдневниот живот.

Во рамките на проектните активности беше изработена и брошура за човекови права, промовирана на 10ти декември, Меѓунардониот ден на човекови права.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: