Во периодот од февруари до ноември 2010 година, МОФ и НВО инфоцентар ќе го спроведуваат проектот “Младинско застапување за граѓански и политички права“ [Youth advocates for Civil and Political rights]. Крајна цел на проектот е да се подготват младите да учествувааат во процесот на демократизација на македонското општество преку аналитички осврт на општествените појави и активно учество искажување на сопствените ставови и мислења. Специфичен досег на овој проект е да се зголеми нивото на информираност кај младите за фундаменталните човекови права со посебен акцент на слободата на изразување и слобода на уверување.Главната алатка која ќе биде користена во овој проект е јавната дебата. Ваквиот пристап треба да им овозможи на младите да добијат активна улога во откривањето и решавањето на проблемите и да се оспособат за користење на медиумските алатки за да проговорат за своите проблеми. Со тоа треба да го направат првиот чекор кон решавање на проблемите кои најдиректно ги засегаат младите, како и да бидат способни правилно да ги примаат, пренесуваат и апсорбираат медиумските пораки. Главните активности кои ќе се спроведуваат во Дебар, Струмица, Штип, Битола и Велес вклучуваат:
- Обука за тренери
- Работилници за средношколци, кои ќе ги изведуваат обучените тренери во локалните клубови
- Јавни дебати со учество на локални јавни личности, организирани од учесниците на работилниците
- Дебатен фестивал -јавен настан
Проектен тим:
Диана Близнаковска
diana_bliznakovska@mof.org.mk