Младите битолчани со пораки против дискриминацијата и предрасудите

На 19-ти август 2014 година (вторник), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, беше реализиран настанот „Јас и ти, исти“ кој се одржа во Градскиот парк во Битола. На настанот присуствуваа околу 100 битолчани и истиот имаше за цел зголемување на меѓуетничката толеранција, намалување на дискриминацијата и меѓусебно прифаќање и разбирање и создавање единство во разликите.

Настанот се состоеше од работилница за спречување на дискриминацијата, намалување на предрасудите и стереотипите каде низ интересна приказна, учесниците од различни средини станаа посвесни за последиците на предрасудите кои постојат кон одредена општествена група. Исто така, настанот вклучуваше ликовен и литературен конкурс на тема „Јас и ти, исти“ наменет за млади од 14 до 20 години и истиот беше од награден карактер. На литературниот конкурс победник е Мартин Николовски со својот есеј „Јас и ти, исти.“, додека пак на ликовниот конкурс, победи цртежот на Леила Фетовска. Победниците беа објавени на самиот настан и беа симболично наградени со книги.

Како последна активност за овој настан беше организираниот Flash mob со околу 40 учесници од различни националности и на крајот на Flash mob-от младите кон небото испуштија балони на кои беа закачени пораки со желби.

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано околу 500 милиони американски долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со луѓето од Македонија за да креира работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се подобри интегрираното образование и студентите да се подготват за работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат македонската транзиција кон една стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ја веб страницата macedonia.usaid.gov или www.facebook.com/USAIDMacedonia.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: