Барај
Close this search box.

Младите дебатираа за слободата на изразување

На 22ри јуни 2019 година во Јавна Соба, членовите на дебатната програма при Младински образовен форум ги спротивставија своите аргументирани ставови на тезата „Овој Дом верува дека државата никогаш не треба да ја ограничува слободата на изразување.“ Дебатерите беа поделени во два тима, од кој едниот тим ја бранеше афирмативната страна на оваа теза, а другиот тим негатциката страна.

Тимовите аргументира за остварување на слободата на изразување и неопходноста на ограничување на истата во одредени ситуации од страна на државата. Критички се осврнаа и на (не) вклученоста на говорот на омраза во поширокиот спектар на слободата на изразување и го прикажаа потенцијалниот импакт од истото. Афирмативен тим беше составен од Бојана Ѓуровска, Марко Доневски и Мартина Поповска, а негацискиот тим од Теодора Столевска, Бојана Стефаноска и Петар Здравевски. Победничкиот тим на оваа дебата беше афирмативниот тим.

По завршетокот на дебатата, присутните слушатели заедно со тимовите имаа можност да ја продискутираат дебатата и да споделат свое мислење за тезата.

Младински образовен форум, преку своите дебатни клубови во 7 градови во државата, им овозможува на средношколците преку едногодишен курикулум да се запознаат со концептот на компетитивна средношколска дебата, притоа создавајќи простор за развој на критичко размислување, јавно говорење и аргументација во јавниот дискурс. Младинските дебатни клубови се дел од Проектот за младинско изразување финансиран од Европската унија и проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Овој настан е финансиран од Европската Унија.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: