Барај
Close this search box.

Младите ја дебатираа дебатата на политичарите

“Овој дом верува дека политиките на Владата водат кон просперитетна Македонија”

Поведени од она што граѓаните на Р. Македонија не го видоа во предизборието, недостатокот на политичка дебата  темелена на различни ставови и политики, а не базирани на обвинувања на лична основа, Младински образовен форум (МОФ) организираше јавна Британска парламентарна дебата на тезата: Овој дом верува дека политиките на Владата водат кон просперитетна Македонија. Дебатата се одржа на 22 јуни со почеток во 19 часот во ГЕМ Клубот (Менада).

Во функција на Владa и опозиција дебатираа осум дебатери од МОФ, поделени во четири тима, по моделот на дводомниот систем на британскиот парламент. МОФ и овие дебатери успеаа да направат симулација на аргументиран дуел помеѓу политички партии каков што не се случи во предизборниот период, на базиран на ставовите на политичките партии за важни општествени теми. Нивните ставови беа поставени врз основа на програмите на политичките партии кои  ги застапуваа, а не водени од нивно лично мислење и гледишта.

Дали политиките на Владата ја спасија Македонија од глобалната економска криза или само предизвикаа одложување на ефектите и креираа полош ефект на долг рок, дали Скопје 2014 ја оправдува својата цел и квалитетот на образованието со владините реформи беа само дел од областите за кои се дебатираше час и половина. Публиката постојано се вклучуваше со свои прашања кон двете страни, барајки одговори, уште еднаш покажувајки ја својата волја да бидат дел од вакви дебати.

Владините преставници ги преставува сите економски мерки на оваа Влада како неопходни за равој на РМ и особено проектот  „Скопје 2014“ како мерка која веќе ја оправдува својата цел. Опозицијата пак ја критикуваше Владата за неправилно потрошените  пари и презадолжувањето на Владата во ММФ. Главниот аргумент на опозицијата беше дека наместо во споменици Владата можеше да инвестира во болници, инфрастуктура итн. Владата ги побиваше тврдењата на опозицијата дека задолжувањето на РМ кон ММФ е многу помало од задолжувањето на некои развиени земји.

Во вториот дел од дебатата во најголем дел се дискутираше за образованието и меѓународната политика која ја води оваа влада. Дебатерите на опозицијата ги наведоа неуспесите на Владата на  меѓународно поле, Македонија нема започнато преговори со Европската унија, не е членка во НАТО и не се ни навидува решение на спорот со името со Република Грција. На ова Владата реплицираше дека ова се долготрајни процеси кои пред се зависат од решението на спорот со името, за кое прашање се прават големи напори страната на Р.Македонија, меѓутоа Грција е онаа која не соработува конструктивно кон надминување на спорот.

Британска Парламентарна дебата е најпознат формат на дебатирање на универзитетско ниво и официјален формат на дебата на Светското универзитетско дебатно првенство.

Настанот Аргумент – Британска Парламентарна дебата „Овој дом верува дека политиките на Владата водат кон просперитетна Македонија“ е дел од проектот „Младинска независност“ на Младински образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: