МладиТе – нова едукативна и информативна веб-платформа за младите во Тетово

Младите од Тетово конечно ќе добијат простор за слободно изразување на своите идеи и ставови, преку новата веб-платформа „МладиTe“ – mladite.mk, промовирана од Младинскиот образовен форум.

Млади Те е едукативна и информативна веб платформа која што содржи и нуди информации за млади, образование, култура и активности од градот Тетово. Таа претставува место каде што граѓаните ќе се информираат за образованието и културата во градот. Веб-страницата ќе ги застапува младинските проблеми, права на младите и начините на кои тие можат да се остварат. Млади Те e локален младински медиум, на кој граѓаните на Тетово преку фотографии, текстови, аудио и видео прилози, ќе се информираат за мултиетничката култура во градот. Членовите на клубовите и волонтерите од  МОФ Тетово ќе работат на создавање содржини потребни за веб-страницата.

Оваа веб-платформа  е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на веб- платформата е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Сподели