Младински образовен форум Ве поканува на локален јавен настан организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Настанот „3,2,1…..СЕГА! Земи учество!“ ќе биде организиран во општина Гевгелија од 23 до 25 април, 2013 година.
Преку овој настан, со дебата и работилници на одредени теми кои ги засегаат младите луѓе во градот, организаторите целат кон подигнување на свеста кај младите и свеста кај професорите за активирање на дебатата во училиштата.
За време на овој настан, младите од Гевгелија ќе имаат можност да учествуваат на јавна дебата на теза „Младите задолжително (не)треба да учествуваат во донесување на одлуки на локално ниво“ со што ќе се запознаат со начинот на дебатирање и активна примена на дебатата во училиштата и секојдневниот живот. Исто така младите ќе имаат можност да земат учество во двете работилниците на тема „Дефинирање на проблеми и приоритети на учениците“, како и во парадата со која ќе заврши настанот.
Настанот ги вклучува следните активности на следниве локации:
– Јавна дебата во СОУ„Јосиф Јосифовски“ на 23.04.2013 со почеток од 12:30ч.
– Работилница во ООУ „Владо Кантарџиев“ на 24.04.2013 со почеток од 12:00ч.
– Работилница во ООУ „Крсте Мисирков“ на 24.04.2013 со почеток од 12:00ч.
– Парада низ централното градско подрачје на 25.04.2013 со почеток од 12:00ч.
Настанот „3,2,1…..СЕГА! Земи учество!“ е иницијатива на група млади луѓе од Гевгелија, кои учествуваа во
Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско
општество. Овие млади луѓе се натпреваруваа со своите врсници од 12 градови за можноста да се организира
иницијатива за подобрување на нивната заедница и да се обезбедат можности за учество на младите.