На ден 05 март (четврток) 2015 година, 10 (десет) средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски” – членови на Младинскиот клуб БУМ го посетија Основно јавно обвинителство – Гевгелија. Младите беа примени во Основно јавно обвинителство од страна на Јавниот обвинител Василка Садикова Ковачева, која ги запозна младите со работењето на Основното јавно обвинителство, правата и должностите при гонење на сторителите на кривични дела, видовите на кривични пријави за кои е надлежен обвинителот и други админстративни надлежности кои се во делокругот на работење на Основното јавно обвинителство. На младите им беше озовможено да поставуваат прашања поврзани со обвинителството и правната материја. Беше посетена архивата на Основното јавно обвинителство каде средношколците се запознаа со практикантите и со стручниот соработник. Јавната обвинителка на средношколците им ја објасни суштината на обвинителската работа низ практични примери како и хуманата страна на обвинителството при бранење на граѓаните од сторителите на кривични дела.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024