Младите од Kичево во посета на Основниот Суд – Кичево

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество на 12-ти јуни 2013 година (среда) беше реализирана посета на Основниот Суд – Кичево. На посетата присуствуваа околу дваесетина млади од општина Кичево, претежно средношколци.

На почетокот на посетата лицето за односи со јавноста го претстави Основниот суд со неговата структура на вработени, неговите ингеренции и надлежности. Меѓу другото на  учесниците на посетата им беше објаснета постапката во граѓанското право и кривичното право, како и постапката во однос на прекршоците. Исто така беше направена обиколка на судската администрација и посета на кривичното одделение, граѓанското одделение, прекршочното одделение, како и наследно и вонпроцесното одделение.

На крајот од посетата надлежните представници на судот одговараа на прашања поставени од страна на учесниците, а при тоа беше извршена и посета на судница. Учесниците имаа можност да се запознаат со работата и улогата на учесниците во едно судско рочиште. Посетата беше оценета како многу корисна и успешна.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: