Група од 20 волонтери од Неготино со повеќе од 25 корисници на дневниот центар Порака – Неготино, зедоа учество во волонтерската акција „Разбуди се во боите на летото“ со заедничка цел за обновување и ревитализација на дел од просторот на дневниот центар ПОРАКА Неготино и активирање на младите и промовирање на волонтерството.
Целата акција се реализирање во пресрет на летниот период кога и корисниците на центарот поголемиот дел од денот го минуваат на спортското игралиште и во дворот на „Порака“ изведувајќи спортско-рекреативни и креативни активности. Со акцијата целосно беше променет изгледот на дворот и поставениот ентериер, како и дел од просториите во кои се изведуваат обуки за користење на компјутери. Акцијата се спроведе во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество, а секој волонтер кој учествуваше во истата даде сопствен придонес.