Денес, 06 мај 2011 година, со почеток во 12:00 часот, во ЕУ инфо центарот се одржа јавна дискусија на тема БАЛКАНСКИ VS. ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ, Балканот – пример за европска мултикултура?, организирана од Младински образовен форум [MOФ].
На оваа трибина во името на младите од земјите од кои доаѓаат говореа: од Босна и Херцеговина Харис Дудевич, од Србија Нина Рашљанин, од Црна Гора Риалда Кургаш и од Македонија Елена Мицајкова и Тијана Катушевска. Покрај нив на трибината со своето стучно мислење кон дебатата придонесоа придонесоа и Џабир Дерала, претседател на невладината огранизација Цивил и Надина Балашиќ, проектен координатор во Центар за културу дијалога – Сараево.
Европската унија значи слобода, слобода на говор, слобода на движење, слобода на правење лични избори, балканските земји само може да придонесат кон зголемување на културното богатство кое го поседува Европската унија, националниот идентитет е чуство што секој го има во себе – вели Нина Рашљанин
… Поради голем број на наметнати политки и страв, младите најчесто неможат да го изразат своето мислење, неможат да бидат слободни. За да го зачуваме националниот идентитет во неговата вистинска искрена форма, потребен ни е влез во ЕУ која има позитивна пракса во толеранција на различни идентитети… – Ријалда Кургаш
Јавната трибина е дел од регионален проект „Наведи добри причини за влез на екс ЈУ земјите во Европска Унија“ координиран од Центар за културу дијалога – Сараево, чии активности МОФ ги спроведува во Македонија, а е поддржан од Европската Унија. Целта на проектот поттикнување на меѓукултурен дијалог, толеранција и разбирање помеѓу младите.