Младите од Ресен за подобро општество

Настанот ,,Поглед преку очите на младите ресенчани“ кој беше организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, се одржа на плоштадот Маршал Тито во Ресен на 5-ти јули 2014 година со почеток од 19 часот.

Еднодневниот настан „Поглед преку очите на младите ресенчани“ имаше за цел:

  • Да им прикаже и прати порака до локалните власти, како младите во Општина Ресен го гледаат градот и како би сакале тој да изгледа со цел за да ги задоволи секојдневните нивни потреби
  • Да се развие систем за комуникација меѓу младите и јавните институции во насока на остварување на правата на младите
  • Покренување на дебата за проблемите на младите во Ресен
  • Простор за слободно изразување и поминување на слободното време на младите во Ресен
  • Потреба од отварање на кино каде младите би имале можност да ја развиваат кино културата во Ресен

Изложбата со фотографиите кои беа изработени од страна на членовите на младинскиот тим беше поставена во центарот на градот каде ја посетија голем број на ресенчани кои беа пријатно изненадени за идеите кои ги имаат членовите на младинскиот тим. Во рамките на отвореното кино, посетителите имаа можност да гледаат кратки видео клипови со пораки за здрава животна средина, младински активизам, како и еден видео клип кој е подготвен од страна на младинскиот тим.

Сподели