Младите онлајн: Радио МОФ

Период на реализација: 01.10.2011-31.07.2012

Донатор(и): НЕД

Краток опис на проектот: Проектот Младите онлајн – Радио МОФ имплементиран од страна на Младински образовен форум има за цел да ја охрабри македонската младина во практикувањето на демократијата и нивните демократски права и можности. Проектните активности се одвиваат во Скопје, Тетово, Штип и Струга и се насочени кон младата популација. Проектните активности вклучуваат: тренинзи, работилници, обуки за граѓанско новинарство, подкасти, новинарско покривање на настани од младински интерес, конференција за друштвени медиуми.

Дополнително, проектот цели и да ги промовира вредностите на објективното и етично новинарство како и да ги информира младите за тековните случување кои ги се од младинско значење. Самиот проект отстапува медиумски простор на младите и младинските организации во период кога нивниот пристап до традиционалните медиуми е ограничен.

Сподели