Период на реализација: 20.10.2011 – 15.09.2012
Донатор(и): Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
Краток опис на проектот: Младински образовен форум во 2011 и 2012 го спроведуваше проектот “Младите практикуваат владеење на правото” во седум средни училишта во Скопје, Тетово, Струга, Штип и Радовиш, опфаќајќи го со своите активности млади средношколци на возраст од 15 до 18 години.
Целта на проектот “Младите практикуваат владеење на правото” беше да се истакне значењето на владеењето на правото во едно отворено и демократско општество, младите да станат посвесни и информирани за своите права и обврски, како и да знаат каде треба да се обратат доколку истите им бидат повредени.
Активностите беа имплементирани во вкупно седум младински клубови, формирани за потребите на проектот и вклучуваа: интерактивни предавања, квизови, симулации на судења, посети на локалните институции (општини, судови, народен правобранител), предавања од страна на експерти од областа (судии, јавен обвинител), како и практични примери за изработка на поднесоци и барања.
Како резултат на проектот над 100 средношколци имаа можност да посетат општина, 30 реализираа посета на Суд, а повеќе од 70 средношколци беа во посета кај Народниот правобранител. Во рамки на проектот се одржа и јавен настан “Квиз за правата” во Амбасадата на САД, јавен настан “Нулта толеранција за училишно насилство” и јавен настан “Демонстрирај Демократија”. Во рамките на проектот беше издадена и брошурата “Обичен демократски ден на Слободан Љубопитковски во друштво на г-ѓа Јустиција” и брошурата “Краток водич низ новата кривична постапка” наменета за студентите по право и пошироката јавност со цел да се запознаат со новиот Закон за кривичната постапка од 18.11.2010 година.