Младите промовираа меѓуетничка интеграција и демократски вредности

На 6 јуни 2019 година, Младински образовен форум, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, организираше јавен настан за промоција на младински акции и активности за меѓуетничка интеграција во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Повеќе од 300 млади учествуваа на настанот, на којшто беа поставени катчиња за уметност, наука, сообраќај и спорт, кои ги опфаќаа темите на кои работеле учениците во склоп на акциите поддржани од проектот. Целта на настанот беше да им овозможи простор на младите кои учествувале во реализација на проектните активности да ги споделат своите знаења со други млади и да прикажат позитивни примери за соработка помеѓу различните етнички заедници.

За време на настанот беше реализирана и акција за разубавување на паркот, каде ученици од основните училишта во Бутел поставија табли со пораки на неколку различни локации низ паркот. Акцијата беше поддржана од Град Скопје, во соработка со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

   

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: