Барај
Close this search box.

Младите во Делчево се запознаа со Младинскиот совет

На 29ти мај, со почеток во 13 часот се одржа третиот јавен настан  „Промоција на локален младински совет Делчево“ преку кој локалниот младински совет го промовираше својата работа. Оваа акција е дел од проектот на Младински образовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од Европската Унија.

На промотивниот настан кој беше во организација на Локалниот младински совет Делчево, се делеа промотивни материјали, а членовите на младинскиот совет беа присутни за време на настанот обезбедувајќи им на заинтерсираните граѓани подетални информации околу работата на младинскиот совет.

Целта на настанот беше граѓаните, а особено младите, да се информираат за работата на младинскиот совет и дека во општината веќе постои тело кое што ќе работи и ќе ги застапува младите во нивните интереси и ќе ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат и  промовирајќи го  Локалниот младински совет во Делчево како релевантен чинител за младите во Делчево, кој ке е одговорен за застапување на младинските интереси.

Промотивниот настан беше посетен од над 70 млади и други заинтересирани граѓни, кои што дадоа поддршка на веќе основаниот младински совет и беа позитивно изненадени бидејќи младинското здружување е во процес на издигнување, како и видно зголемена јавна свест кај младите за нивната состојба.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (IPA Program – Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: