Младите за отворено општество: Локални младински иницијативи

Период на реализација: 01.02.2009-31.03.2010 ; 01.04.2010 – 31.03.2011 ; 01.04.2011 – 31.03.2012

Донатор(и): Фондација Отворено општество – Македонија

Краток опис на проектот: Локална младинска иницијатива-ЛМИ е повеќегодишен проект кој МОФ го имлементира од април 2007. Главна цел на проектот е да им се понуди алтернативен простор и содржини на младите, како и да се обезбеди можност за нивно активно вклучување во промовирањето вредностите на отвореното општество. Покрај тоа има за цел да стимулира активно вклучување во креирањето на младински политики и начела кои се тесно поврзани со нивните потреби. Во активностите на проектот се опфатени повеќе од 1000  средношколци годишно од 12 градови: Скопје, Битола, Струга, Дебар, Кичево, Штип, Гевгелија, Тетово, Делчево, Куманово, Велес, Кратово.

Во текот на овие неколку години, проектот континуирано обезбедува промоција на неформално образование, критичко размислување, дебата, јавно говорење, заштита на младински права и реализација на младински акции и настани. Во рамките на младинските клубови, два пати годишно се имплементираат проекти од локално значење, од страна на средношколците и истите служат како алатка за  реална примена на добиените знаења од клубот. Проектите имаат за цел лоцирање на локалните младински проблеми, покревање на релевантни прашања од општествен карактер, и иницирање за нивно решавање преку акции, јавни настани и улични перформанси.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: