Конференција за локални младински совети – „Младите одлучуваат“

Конференцијата „Младите одлучуваат“ ќе се одржи на 22 јули (среда) 2015, со почеток во 12:00 часот, во ЕУ Инфоцентарот. „Младите одлучуваат!“ е повеќечасовен настан, кој има за цел да ги претстави најзначајните резултати од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, како и добрите практики развиени преку активностите и сорботката помеѓу младите, младинските организации и институциите. Истата ќе овозможи и простор за дискусија околу значењето на младинското учество и младинските политики на локално ниво, како и платформа за размена на искуства околу одржливоста на младинските совети, нивна работа во согласност со демократските начела како и други предизвици со кои би се соочиле советите во иднина . 

Во рамките на панел дискусиите и обраќањата на говорниците на Kонференцијата, ќе бидат промовирани проектните активности, со особен акцент на оние кои се покажале како значајни во процесот на основањето на локалните младински совети, како и препораки за сите општини кои во иднина ќе започнат процеси на формирање на локални младински совети.

Дополнително, на Kонференцијата ќе биде промовирана и публикацијата од проектот, во која се содржани активностите кои беа спроведени, формите и структурите на основаните совети, како и голем број на други корисни информации.

Воведните и поздравни говори на Конференцијата “Младите одлучуваат” ќе бидат дадени од страна на:

– Претставник од Делегацијата на Европската комисија

– Г-дин Лирим Шабани Министер за локална самоуправа

– Г-ца Сања Божовиќ, координатор на проектот “Развој на локални младински политики и локално младинско учетво во 12 општини”

Во својство на говорници на панел дискусијата “Практики и предизвици при процесот на креирање на локалните младински совети” учество ќе земат:

– Г-ѓа Јулијана Даскалов, Eксперт за младински политики и младинско учество

– Г-ца Емилија Андонова, Локален координатор за општина Неготино

– Г-дин Илир Османи, Престседател на локален младински совет на Липково

– Г-дин Сефер Селими, Координатор за млади во општина Гостивар

– Г-дин Дамјан Николовски, Претседател на Национален младински совет на Македонија

По завршувањето напанел дискусијата, ќе следи коктел и неформално дружење.

Конференцијата е воедно и завршен настан на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, кој е финансиран од Европската Унија (ИПА Програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: