Што направи МОФ во 2023 година?
Овозможивме пристап до неформално образование за повеќе од 4.000 млади во државата:
- Отворивме 21 локални МОФ центри во Скопје, Теарце, Делчево, Струмица, Штип, Гевгелија, Струга, Битола, Кратово, Тетово, Велес, Маврово-Ростуше, Дебар, Oхрид, Прилеп, Гостивар, Пробиштиш, Кавадарци, Maкедонска Каменица, Свети Николе и Неготино;
- Преку локалните центри во новата учебна 23/24 година со работа започнаа над 65 младински клубови за дебата и медиумска писменост, за учиме право, за активизам како и за новинарство;
- Преку 4 тренизи за тренери, обучивме повеќе од 50 младински тренери;
- Обучивме повеќе од 40 млади за спроведување на тренинзи по Y-Peer методологијата;
- Нашите членови остварија над 15 посети на институции;
Не го повишувај тонот зајакни го аргументот! – Продолживме да ја промовираме важноста на дебатата и аргументираното изразување
- Преку дебатните клубови на МОФ обучивме над 2000 млади на критичко размислување, аргументирано изразување и јавно говорење;
- Организиравме 2 големи национални дебатни турнири на кои учествуваа повеќе од 300 дебатери и 120 судии;
- Нашите дебатери ја претставуваа државата на 7 меѓународни дебатни турнири и настани.
- Продолживме да организираме јавни дебати за да ја поттикнеме и промовираме културата на дебата и аргументирано изразување меѓу младите
- За прв пат организиравме Јавна дебата на кандидатите за ректор на УКИМ
Продолживме да креираме истражувања, анализи и прирачници за образование и млади:
- Менториравме 47 млади за истражување и застапување
- Објавивме 5 публикации:
„Дигиталниот свет на генерација Алфа – Водич за медиумска писменост за родители и старатели“
Истражување и план за застапување „Премости го јазот: помеѓу политиките и практиките за младинско учество во Албанија, Северна Македонија и Србија“
Истражување и план за застапување „Агенда за регионална соработка и нејзина ефикасност: Улогата на локалните капацитети во економските и младинските домени“
Истражување и план за застапување „Младински перцепции и ставови за миграцијата“
Истражување и план за застапување „Редефинирање на младинската вработеност преку Гаранцијата за млади“
Продолживме да го поттикнуваме и поддржуваме младинскиот активизам:
- По 12-ти пат го организиравме најголемиот настан за социјален активизам – Engage, со повеќе од 300 млади посетители;
- Организиравме 2 ENGAGE YOUTH настани за да ги прославиме и промовираме младите македонски активисти;
- Повеќе од 150 млади иницираа промени во нивните локални заедници;
- Изработивме прирачник за младински артивисти;
- Организиравме 1 медиатон за креирање на мултимедијални содржини против загадувањето на воздухот;
- 30 млади од урбани и рурални средини од целата држава станаа активисти – амбасадор(к)и за воздух;
Продолживме да ја спроведуваме нашата стратегија за инклузија и пристап до квалитетно образование и младински права за млади со попреченост:
- Спроведовме кампања за промоција на знаковниот јазик и културата на глувите и наглувите во нашата држава;
- Повеќе од 400 млади глуви и слепи лица беа вклучени во различни активности, проекти, настани и работилнци;
- Организиравме настан „Кажи со раце“ на кој оргазиравме младинска акција и го одбележавме Меѓународниот ден на знаковен јазик;
- Креиравме национална кампања за медиумска писменост за лица со оштетувања во слухот.
- Спроведовме 21 локални работилници на теми поврзани со инклузија, еднаквост и конструктивни наративи, а на кои учество земаа повеќе 300 млади во различни градови низ државата;
Преку Радио МОФ продолживме да работиме на информираност на младите во државата:
- Креиравме вкупно 3.388 новинарски производи;
- Продуциравме 26 оригинални видеа и 24 Инста(нт) вести;
- Спроведовме 52 интервјуа, 27 анализи, 8 истражувачки стории а снимивме над 100 подкасти од 18 различни подкастери.
- Менториравме 8 млади новинари
- Радио МОФ во 2023 година стана член на Young Media Network – интернационално здружение на младински медиуми и медиуми за млади.