МОФ дебатери второрангирани на турнир во Словенија

Во периодот од 14 до 17 март 2013 година, во Марибор се одржа Конференцијата АСТА (Active Citizens Take Action) чија тематика беше поврзаноста на новите медиуми и социјалните движења. Во текот на овие 4 дена беа одржани предавања, како и панел дискусии на кои се разговараше за моќта на интернетот како корисна алатка во организирање на најразлични граѓански акции, но и како моќно оружје во процесите унапредување на демократијата во една држава.

Во рамките на конференцијата беше одржан и дебатен турнир на кој се дебатираше на тези поврзани токму со позитивните и негативните аспекти на онлајн активизмот.

На овој турнир учество земаа 6 средношколци дебатери од дебатните клубови на МОФ во Скопје и еден тренер, а еден од тимовите успеа да се квалификува и да дебатира во финалето, во конкуренција од 20 тимови од 5 земји од регионот. Во финалето се натпреваруваа Петар Ивановски и Филип Бујаровски на тезата „Овој дом верува дека гласањето треба да биде задолжително за сите граѓани“. Нашите дебатери го освоија второто место, во конкуренција од 3 тима од Хрватска и Словенија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: