Во периодот од 19ти до 21ви март 2012 година се одржува меѓународен форум за транспарентно образование организиран од страна на Младински образовен форум и ЕДЦ, а финансиски поддржан од Програмата Исток Исток: прекугранични партнерства при Фондација отворено општество – Македонија и United States Agency for International Development (USAID).
Конференцијата се одржува во хотелот Александар Палас во Скопје, каде учество земат учесници од повеќе земји меѓу кои Азербејџан, Ерменија, Украина, Молдавија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Литванија и Македонија.
Учесниците на форумот доаѓаат од здруженија на граѓани и универзитети, како и лица од приватниот сектор, кои работат активно во борбата против корупцијата во високото образование и се фокусираат на промовирање на транспарентност низ сите сфери на високото образование.
Препораките кои ќе бидат креирани од страна на учесниците ќе се презентираат на сесија отворена за сите заинтресирани на 21 март (среда) во хотел Александар Палас со почеток во 13:00 часот. На таа сесија учесниците на форумот ќе ги презентираат креираните акциони планови, со фокус на следните чекори кои треба да се преземат во промоцијата на транспарентно образование и ќе го отворат просторот за дијалог со присутната публика.
Добредојдени се сите оние кои би сакале да земат учество и да го збогатат дијалогот на овој настан со споделување на сопствените искуства.