Младински обазовен форум, сака да искаже благодарност на сите волонтери кои активно се имаат вклучено во активностите на нашата организација и МОФ центрите.
Денес, 5 декември, е меѓународниот ден на волонтерите. Оваа година ја издадовме брошурата „Ајде биди волонтер!“ која опишува зошто и како да се стане волонтер, ги претставува правата на волонтерите како и обврските на оние кои работат со нив.
Би сакале да го изводиме овој цитат од брошурата чии автори се Сања Стефановиќ и Сања Божовиќ:
Волонтерството се темели на доброволност, помош и поддршка на заедницата и сето тоа без материјален надоместок. Придружен термин на волонтерството е солидарноста. Таа претставува помагање на другиот, препознавање на потребите на останатите, здружување со нив, самосвест за вклучување во општествените процеси и сочувствување со индивидуалните приказни на другите членови на заедницата.
Сакаме да ја пренесеме благодарноста на МОФ и лично од поширокиот тим на организацијата до волонтерите кои се вклучиле во активностите на органиазцијата, и да го споделиме нашето охрабрување да продолжат со својот општествено корисен ангажман.
Сакаме да потсетиме дека е важно оние кои ги овозможуваат волонтерските активности, да ги почитуваат правата на волонтерот.
Ви го честитаме меѓународниот ден на волонтерите, и благодариме на досегашната поддршка!