Младински образовен форум избра нови национални дебатни шампиони
Од 10 до 12 мај 2019 Младински образовен форум го организираше Националното дебатно првенство на кое се натпреваруваа дебатери од Скопје, Велес, Тетово и Прилеп. Првенството се одржа во СУГС „Орце Николов“ каде 60 средношколци се натпреваруваа за титулата национален шампион.
За време на турнирот средношколците дебатираа на теми поврзани со иднината на младите и проблемите со кои се соочува оваа ранлива кагегорија, но и предлагаа модели кои ги решаваат истите. Главната теза на турнирот беше „Овој дом би вовел младински квоти во парламентот“.
По петте прелиминарни рунди, полуфинални и финалната рудна, титулата национални дебатни шампини ја освои тимот „Веселото тркало“ составен од: Лука Радуловиќ, Весела Трајкоска и Марија Јанева. Второто место го освоија дебатерите Ана Крстевска, Јана Петрова, Јане Ристовски – во тимот „Goal diggers“.
За најдобар индивидуален говорник беше избрана Ана Крстевска, втор говорник беше Бојана Стефановска, а третото место го освои Јана Петрова.
Овој традиционален настан на Дебатната програма цели да обезбеди простор за натпревар во рамките на аргументирана дискусија. Во овие неколку денови младите средношколци ги претставуваа сопствените ставови и дискутираа за високата стапка на невработеност меѓу младите, нискиот квалитет на образованието и недостатокот од застапеност на младите во институциите во процесите на донесување на одлуки. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците ги продлабочија своите знаења за проблемите со кои се соочуваат младите но во своите дебатни случаи тие предлагаа и решенија на истите.
Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка СУГС „Орце Николов“.
Националното дебатно првенство беше организирано во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.