СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ
Перформанс. Уметност. Аргументирање
На академијата учество ќе земат 150 млади на возраст од 14-26 години од 14 градови од Р. Македонија. Помеѓу предавачите кои ќе водат трениг сесии и работилници се вбројуваат и Бранко Героски (колумнист и уредник), Билјана Бејкова (Извршен директор на НВО Инфо центар), Љубица Гроздановска (новинар) и Марјан Забрчанец (Извршен директор на Младински образовен форум).
Академијата ќе финализира со Гласно! Уличен фестивал, настан чија цел е промовирање на млади уметници и прикажување на алтернативна култура каде преку уметнички дела, графити, јавни говори и инсталации младите луѓе ќе го изразат својот став и мислење и ќе ја промовираат слободата на изразување.
Гласно! Уличен фестивал е поддржан од Општина Струга.
Спонзори на МОФ Летната академија и Гласно! Уличен фестивал се Nescafe и Play сокови.
МОФ Летната академија и Гласно! Уличен фестивал се организирани во рамките на проектите „Локална младинска иницијатива“ и „Младинска независност“ финансирани од Фондација отворено општество – Македонија.