Барај
Close this search box.

МОФ Летна академија 2014 – Дебата, Учиме право и помагање на заедниците

На 25ти август во одморалиштето Михајлово ќе започне МОФ Летната академија 2014. МОФ Летната академија е годишен настан кој оваа година се одржува од 25ти до 30ти август 2014 и каде учество земаат најактивните членови на клубовите на МОФ, како и учесниците на Обуките за граѓански активизам.

На МОФ Летна академија 2014 ќе учествуваат 80 млади од повеќе градови од Македонија кои ќе се вклучат во предавања, разменуваат искуства и учествуваат во заеднички активности. Програмата на академијата вклучува панел дискусии и работилници за креативно помагање на заедницата, дебата и младински права како слобода на здружување, младинско учество, култура на дијалог, истражување за младински теми, креативен активизам и примери на активзам во Македонија.

Учесниците на академијата ќе следат три предавања и работилници во три различни траки: Дебата, Учиме право и Креативно помагање на заедницата.

Дебата– Учесниците ќе се запознаат со World Schools форматот на дебатирање вклучувајќи напредни вештини за аргументирано изразување, процесот на организирање јавни дебати, креирање на концептот и содржината на јавните дебати и ќе учествуваат во вежби за јавно говорништво.

Учиме право – Учесниците подетално ќе се запознаат со дел од своите граѓански и политички права и слободи и нивната примена во секојдневниот живот. Во текот на работилниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за работата на институциите и практично да ги употребат своите стекнати знаења и вештини.

Креативно помагање на заедницата – Оваа трака претставува можност учесниците да се запознаат со алтернативните начини преку кои може да се развива младинскиот активизам. Работилниците ќе опфатат различни начини со кои ќе можат да помогнат на заедницата на локално ниво.

Тренерите на Младински образовен форум и говорниците на академијата ќе бидат придружени со изборни предавања и работилници со Инес Ефремова (уметник и активист), Томе Шекерџиев (ОБСЕ), Милан Диневски и Дамјан Кокалевски (Creative Hub Skopje), Пола Елизабет (уметник) кои ќе бидат дел од предавачите кои организираат изборни сесии. Учесниците, заедно со тренерите на МОФ ќе пробаат да дизајнираат идеи и концепти за идни акции за проблемите во нивната заедница.

За учесниците на академијата е организиран и настан – панел дискусија на тема Од маргините до фокусот: Младите и нивните потреби, на која ќе говорат: Никола Писарев (ЦАЦ), Антонио Михајлов (Субверзивен Фронт), Велимир Савевски (ХЕРА), претставници од иницијативата „Операција: Студентски Дом“ и Наташа Георгиевска (Креативна младинска акција – Студентско списание Излез), Aлександар Матовски (Јас сум Цако) и Кристина Митрова (Советодавен сервис за права на млади, МОФ).

МОФ Летната академија е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Спонзорска поддршка на МОФ Летната академија 2014 дадоа Нескафе и „Кожувчанка“.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: