MOF.MK избран за најдобар сајт на невладина организација за 2013

Сајтот на Младински образовен форум (www.mof.mk) е избран за најдобар сајт на невладина организација за 2013 година.

На манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа денес во кино Фросина – МКЦ, беа прогласени најдобрите сајтови во повеќе категории за 2013 година. Веб страните се одбираа според гласовите на интернет посетителите (40 проценти) и мислењето на жири комисијата (60 проценти). Жирито годинава го сочинуваа Алберт Муслиу – претседател, Гораст Цветковски, Кире Трајковски, Мики Стефаноски и Никола Анчевски.

Голема благодарност до сите кои гласаа за МОФ.МК и до стручното жири. МОФ ја промовираше својата нова редизајнирана веб страна во март оваа година, преку која редовно комуницира и ја информира јавноста за своите активности.

Благодарност и до Никола Војнов кој го изработи дизајнот на МОФ.МК и до New Media MK за имплементацијата на сајтот.

MOF.MK sajt Insta

Манифестација „Сајт на годината“ по четврти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во десетина различни категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами keep an eye, а под покровителство на Град Скопје и ИАБ Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: