24 години од основањето на МОФ!

🎉Среќен 24 роденден МОФ!🎉
 
Во текот на изминатата година, неуморно работевме на младинска едукација, создавање можности за младинско учество, ангажирање на млади луѓе и поттикнување позитивни промени за младите во Македонија. 💪
 
🥳 Годинава гордо ги славиме нашите достигнувања и активности:
 
🔸Обезбедување неформално образование: Годинава во МОФ се зачленија 2000 млади луѓе од 15 градови во државата во младинските клубови за дебата и медиумска писменост, учиме право, активизам, демократија и новинарство.
 
Oбразование за сите: Продолживме да се залагаме за еднаков пристап до квалитетно образование за секој млад човек во нашата земја. Преку нашите иницијативи, обезбедивме програми, менторство и работилници за поддршка на млади со попреченост, млади во контакт со законот и млади од рурални области како и млади новинари.
 
Податоци и политики за млади: МОФ продолжи да креира анализи и документи за образование и млади. Годинава изработивме Документ за младински политики за младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа, Прирачник за млади активисти и Прирачник за ученички клубови. МОФ застапуваше за поквалитетно образование, подигање на младинскиот стандард, креирање услови за младинско учество, еднаков пристап до квалитет на образование и младински можности за млади од сите градови особено во руралните области.
 
✊ Поддршка на младински активизам: Продолжуваме да ги охрабруваме и менторираме младите во нивниот активизам. Годинава поддржавме и организиравме повеќе од 30 акции за заштита на животната средина, заштита на правата на лицата со попреченост, подобрување на јавните простори и менување на наративот за бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство. Спроведовме кампањи за младински социјални прашања и организиравме 3 конференции за социјален активизам ENGAGE.
 
Настани за млади: Организиравме повеќе од 5️⃣0️⃣ настани за млади. Од дебатни турнири, посети на институции, конференции, јавни дебати, работилници, тренинзи до културни настани за поддршка на млади уметници.
 
Информирање на млади: Нашиот медиум Радио МОФ продуцираше повеќе од 5000 содржини (вести, истражувачки стории, подкасти, видеа, колумни) за млади, образование, активизам, животна средина и маргинализирани заедници.
Ниту едно од овие достигнувања немаше да биде возможно без посветеноста и страста на нашите неверојатни членови, волонтери и вработени. Нивната напорна работа, ентузијазам и посветеност продолжуваат да не инспирираат сите нас!
 
Како што навлегуваме во нашата 25-та година, остануваме одлучни во нашата мисија да ги ЗАЈАКНЕМЕ, ЕДУЦИРАМЕ и ЗАСТАПУВАМЕ младите во државата. Заедно, можеме да создадеме посветла и поинклузивна иднина каде младите имаат еднаков пристап до квалитетно образование, можности за вработување, се вклучени во носење одлуки и имаат желба да останат во државата.
 
Ви благодариме што сте дел од нашето младинско здружување!
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: