МОФ со учество на онлајн дискусија на тема „Што знаеме за младите и што ново ќе донесе пописот“

„Што знаеме за младите и што ново ќе донесе пописот“ беше темата на вчерашната онлајн дискусија организирана од „Младиинфо“, на која учество зема и извршниот директор на МОФ, Димитар Низамовски. На онлајн дискусијата учествуваа и претставници од Владата, Државниот завод за статистика и Канцеларијата за регионална младинска соработка, а присутни беа и претставници на граѓански организации и медиуми.

Низамовски своето излагање го насочи кон претставување на работата на младинскиот сектор и неговиот придонес кон истражувањата и прибирањето податоци, како и ограничувањата и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации при добивањето на податоците и информациите и подготовката на истражувањата.

Дополнително, предложи препораки за зголемување и унапредување на соработката помеѓу државните институции и граѓанските организации и олеснување на целиот процес, а ги истакна и придобивките на пописот како статистичка операција кои би придонеле кон подобрување на работата на сите засегнати чинители.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: