МОФ ви го најавува првиот дебатен турнир за почетници за оваа учебна година

Секоја година Младински образовен форум традиционално организира дебатен турнир наменет за новите членови на дебатните клубови на МОФ оваа година насловен како “Triwizard Debate Tournament”. Целта на турнирот е да се унапредат дебатните и говорничките вештини со кои  средношколците дебатери се стекнале на минатите предавања.

На турнирот учество ќе земат дебатери кои оваа година за прв пат почнале да посетуваат предавањата по дебата, од сите дебатни центри во Македонија, во склоп на Дебатната програма / Програма за неформално образование. На почетничкиот турнир оваа година во најголем број досега ќе се натпреваруваат 40 тима, од 14 градови од Македонија.

Турнирот ќе започне на 17ти декември (сабота) во средното медицинско училиште “др Панче Караѓозов”, на тезата “Рекламите наменети за деца треба да бидат забранети”. Низ вкупно 4 рунди, 120 дебатери ќе се борат за првите три говорнички места на целиот турнир, за најдобар дебатер од градот од кој што доаѓаат и за најдобар тим кој го претставува тој град.

За повеќе информации за турнирот, повелете на Facebook страната на Triwizard Debate Tournament

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: