Теза: Овој дом верува дека во Македонија [не] постои доволно дебата за развој на демократијата.
АРГУМЕНТ е целовечерен дебатен настан чија цел e да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорeње во јавниот дискурс, како и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествено-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата, гостите-говорници и на присутната публика.
Темата на кои заеднички и организирано ќе дискутираме е:
ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА [НЕ]ПОСТОИ ДОВОЛНО ДЕБАТА ЗА РАЗВOJ НА ДЕМОКРАТИЈАТА
Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]: Александар Спасеновски и Влатко Ѓорчев;
Негациски тим [тим кој ја негира тезата]: Радмила Шекеринска и Игор Ивановски;
Гости говорници: Оливера Трајковска, Мухамед Зекири и Снежана Лупевска;
АРГУМЕНТ ќе се одржи на 13-ти декември (вторник) 2011 година, со почеток во 19:00 часот, во новиот конгресен центар City Hall (поранешна дискотека Хард Рок).
Агенда на настанот:
19:00 Добредојде од МОФ;
19:15 Stand Up комедија „Дебата“ – Марјан Георгиевски
19:30 Јавна дебата: Овој дом верува дека во Македонија постои доволно дебата за развoj на демократијата;
21:30 Коктел забава + Георги Шарески & Guests
На минатогодишното издание на АРГУМЕНТ, дел од јавните личности веќе и покажаа на јавноста поинакво ниво на дебата. Гордан Георгиев, Илија Димовски, Ким Мехмети и Ацо Станкоски дебатираа на тезата “Oвој дом верува дека проектот Скопје 2014 (не) го унапредува македонското општество”, додека гости говорници беа Љупчо Зиков и Зоран Поповски. Дебатата беше следена од 150 слушатели присутни на настанот. Видео записи и фотографии од минатогодишниот настан можете да ги најдете на следниве линкови:
Дебата: Скопје 2014 и македонското општество
Дебата: Образование Vs. Работни вештини
Фотографии од настанот
Настанот се одржува со медиумска поддршка од Излез.мк и Факултети.мк.
Дополнување од организаторите:
Пријавувањето за учество на настанот “АРГУМЕНТ” заврши, а листата на присутни гости е веќе затворена.