МОФ во рамки на Медиа/Арт клубовите распишува повик за волонтери – автори на содржина за www.mediartbox.org

Медиа Арт клубовите на  МОФ се место каде членовите добиваат можност да ја уживаат слободата на изразување преку користење на новите медиуми и уметноста како алатка за младински активизам. Членовите во линија со своите интереси користат најразлични техники како дигитална уметност, улична уметност, видео и аудио изразување, организирање настани и акции и сл.  Градови во кои моментално имаат Медиа/Арт клуб се: Скопје, Тетово, Струга, Велес и Неготино.

Блогот „Медиа Арт Idea Box“ е онлајн платформа која служи за инспирација на членовите на клубовите и за промоција на самите клубови. На блогот може да се најдат информативни содржини и вести за позитивни примери на креативен активизам како и објави подготвени од самите членови на клубовите.

Волонтерскиот ангажман ќе се одвива од октомври до декември 2015та година. Тие ќе имаат можност да работат од дома и е пожелно да поседуваат сопствен компјутер за работа. Волонтерите ќе потпишат договор за волонтирање во претходно договорен временски рок.

Волонтерите ги имаат следниве задачи:

  • Пронаоѓање на соодветна содржина (во консултација со координаторот на Медиа/Арт клубовите);
  • Преведување и прилагодување на содржината за „Медиа/Арт Idea Box”;
  • Редовно објавување на обработените содржини (7 вести неделно);
  • Промоција на објавените содржини на социјалните мрежи;
  • Да земат учество во обуките на МОФ кои се организирани за нив.

Доколку има интерес, волонтерите можат да се вклучат и во останатите активности во Програмата за младински активизам.

Во истражувачката работа ќе бидат вклучени и работниот тим на Програмата за младински активизам.

Волонтерите треба да бидат на возраст од 15 до 25 години и да испратат пополнета апликација за волонтер  на  petar_antevski@mof.org.mkКраен рок за поднесување на апликација е 6ти октомври 2015 година.

Со волонтерскиот ангажман, за целосно исполнети работни обврски, волонтерот ќе добие:

  • Искуство со раководење на онлајн платформи
  • Обука за пишување новинарски текстови
  • Сертификат за активен придонес во работата на Младински образовен форум (МОФ)
  • Волонтерски стаж
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: