Овој петок ве покануваме на младинска културна дружба во дворот на МОФ каде ќе имате можност да слушате квалитетна електронска музика од одличниот Крсте Стефановски. Be чекаме во дворче, со почеток од 19 и 30 часот.
К-Р-К има настапувано на многу локации низ нашите простори – АМОК радио, Noods радио, како и Shortbus. Секаде каде што настапува, остава културен белег и печат за понатамошно развивање и делување помеѓу музичките лавиринти.
Крсте, за себе вели дека ужива во електронска музика, во екпериментирање, во социјализација со интересни луѓе и во миксање на нови песни. Несомнено шармира со својот препознатлив стил и препознатлив избор на музика.
„Културно лето во МОФ“ трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн.
Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.