Барај
Close this search box.

Мофовци го освоија интернационалниот дебатен турнир Podgorica Open: Debate towards future

IMG_1170-250x300Изминатиот викенд 3 тима од МОФ дебатниот клуб-Скопје учестуваа на интернационалниот дебатен турнир Podgorica Open. Во конкуренција на 12 средношколски и 8 студентски тимови, без пораз во  шестте прелиминарни рунди и малото финале, дебатерите од тимот MKD 1(Огнен Јакасановски, Елена Мицајкова, Ангела Маџирова)  победија во големото финале против тимот UDG 1 (Универзитет на Црна Гора 1).

Тезата на големото финале беше: This house believes that EU should sanction member states for their mistreatment of minorities. (Овој дом верува дека ЕУ треба да ги санкционира земјите членки за нивниот несоодветен однос кон малцинствата). Во улога на опозиција, со едногласна одлука од судискиот панел, нашиот тим лесно стигна до победата. Со оваа победа, тимот MKD 1 остана еднинствен несовладан тим на турнирот.

Покрај дебатерите на MKD 1 и останатите тимови забележаа голем успех. Имено, тимот MKD 2(Марија Гелмановска, Петар Антевски, Марија Тодоровска) завршија како третти, а тимот MKD 3(Јована Ѓорѓиовска, Сара Каевиќ, Христина Шекерова) како четврти. Дополнително, Сара Каевиќ е рангирана како втор најдобар говорник на турнирот.

Благодарение на дебатерите и помошта што ја добија од тренерите Петар Димитров, Стефан Ристовски и Марко Ѓорѓиев, македонската делегација покажа дека Македонија е најдобра во компетитивна дебата на Балканот.

Турнирот беше организиран од страна на Montenegrin American Youth Alumni Association, поддржан одUDG (University of Donja Gorica). Официјалниот јазик на турнирот беше англиски. Главен судија на турнирот беше Џорџ Јоман од Обединетото Кралство.

Слики од турнирот: http://www.facebook.com/pages/Mayaa-Montenegrin-American-Youth-Alumni-Association/277667248922793

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: