Барај
Close this search box.

Тренинг за комуникации, презентација и јавно говорење
G. Rhydian Morgan,

основач и сопственик на Stylus Communication, Birmingham,
член на Oxford Union Society

05 март 2011 година

10:00 часот

Универзитет за туризам и менаџмент

950 денари

Датум:

Почеток:

 

Место:

 

Цена:

Работен јазик на обуката е англиски јазик.

Пријавувањето и уплатата се вршат во просториите на Младински образовен форум
од 28ми февруари до 4ти март 2011, 11:00 – 18:00 часот.
Адреса: Водњанска 35/1, 1000 Скопје
02 3139 692
obuki@mof.org.mk

Запознајте ја моќта на јавниот говор! Научете да комуницирате, да презентирате и да убедувате!
Стекнете врвни вештини за јавно говорење!
Јавното говорење претставува структуриран и проактивен формат на говорење кој се користи за комуникација, информирање, презентација и убедување на помала или поголема група слушатели. Јавното говорење и ораторството се сметаат за едни од највреднуваните вештини кои една индивидуа треба да ги поседува во современото општество.
Без разлика дали сте вработени или студент, оваа обука ќе ви овозможи да се стекнете со знаење и вештини како успешно да ги исполните целите на вашето јавно излагање.

За кого е наменета оваа обука?
Обуката „МОЌТА НА ГОВОРОТ“ е наменета за сите индивидуи на возраст од 18 до 30 години кои:
•    Ја препознаваат моќта на јавното говорење како начин за придобивање на публиката
•    Имаат работна позиција која вклучува јавни настапи или себеси се идентификуваат во таква професија
•    Имаат контакт со клиенти
•    Се студенти и сакаат да се надоградат и да ги развијат своите комуникациски и презентациски вештини

Сите учесници на обуката ќе добијат сертификат за успешно поминат тренинг за комуникации, презентација и јавно говорење од афирмиран меѓународен предавач.

За предавачот
Ридиан Морган е сопственик на Stylus Communication од Велика Биртанија. Дипломирал на дисциплини на театарски студии, филозофија, модерни јазици и право, и е член на Honourable Society of Gray’s Inn и доживотен член на Oxford Union.
Во неговото работно искуство се вбројува и работата како консултант со посебен фокус на обуки и развој на програми за индивидуи и корпорации. Меѓу позначајните може да се издвојат: KPMG, The Colebridge Trust (Media Sales Development), Mobiles4Free (Contact Centre Training and Development), Pertemps People Development Group, GlobalOne Communications, UPS Ireland, Ishida Europe, Egg Banking, National Express Group, Britannic Assurance, Pertemps People Development Group.
Дополнително, во работното искуство на Морган се вбројуваат и академски курсеви од областа на комуникациска теорија на повеќе универзитети. Дел од универзитетие на кои има предавано се: Birmingham University, Cardiff University, University of Nottingham, Helsinki University, University of Leiden, University of Köln, Berlin University, University of Vermont – USA, Chung Ang University – Seoul, EWHA University – Seoul.
Искуството и компетенцијата на Морган доаѓаат од неговата работа како актер и адвокат и знаењеата стекнати при неговите студии во полињата на реторика и психологија на убедување, и истите овозможуваат спроведување на тренинг од највисок квалитет за ефективна комуникација.

Агенда и опис на обуката

10:00 – 11:00    Регистрација   
11:00 – 12:15    Сесија бр. 1 – Како комуницираме?   

  • Говорот како алатка за комуникација
  • Говор на тело и изрази на лице

 

  • Секојдневна употреба на јазикот

 

12:15 – 12:30    Кафе пауза   
12:30 – 13.45    Сесија бр. 2 – Публиката е најважна
Психологија на слушателите

  • Вклучување на публиката во комункацискиот процес

 

  • Креирање и потенцирање на ефектот на аргументите

 

13:45 – 14:30    Пауза за ручек   
14:30 – 15:45    Сесија бр. 3 – Како анализираме и презентираме податоци?   

  • Презентирање и репрезентирање на податоци
  • Разбирање на податоците и нивното значење во јавен говор

 

  • Три вида на лаги: обични лаги, големи лаги и статистики: Што всушност покажуваат податоците?!

 

15:45 – 16:00    Пауза   

16:00 – 17:15    Сесија бр. 4 – Јавно говорење – од Аристотел до денес   

    • Дискурс на информациите во јавните медиуми: извртена реалност
  • Гледање во магла на информации: Разбирање на вистината

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: