Во просториите на Младински образовен форум во Скопје, на 4-ти и 5-ти jули се одржа Дебатниот турнир на измешани тимови 2015 (МТТ 2015). По спроведувањето на предвидениот годишен курикулум за дебатни предавања, асистентите го организираат овој настан за дебатерите во Скопје.
На турнирот учествуваа 50 учесници од кои 36 дебатираа поделени во 12 мешани тимови, а останатите беа судии на дебатите.
Турнирот имаше 6 дебатни рунди – 4 прелиминарни, полуфинале и финале. Во рамките на темата „Употреба на технологијата за унапредување на политичките процеси“ на дебатерите им беа дадени една однапред подготвена теза и 4 импромпту тези за кои имаа време од 45 минути да го подготват својот случај.
Во финалето на турнирот дебатираа: Ивановски Петар и Теодора Томеска против тимот на Теодора Столевска и Павле Петровски кој воедно го освоија првото место на овој турнир.
Најмногу говорнички поени освои Ивановски Петар, а на второ, трето, четврто и петто место по говорнички поени се најдоа: Мари ја Гелмановска, Матеа Коцевска, Кристина Маџовска и Теодора Столевска.
Турнирот на измешани тимови е од особено значење за средношколците дебатери кои од наредната година преминуваат во студентските дебатни клубови. Дебатирајќи со постари дебатери-студенти, ги збогатуваат нивните дебатни познавања и се подготвуваат за едно повисоко и поквалитетно ниво на дебата.
Главен организатор на настанот беше Александра Филипова, додека пак: Соња Митиќ, Калина Прелиќ и Петар Барлаковски беа главните судии на турнирот кои се погрижија за квалитетот на дебатата на Турнирот на измешани тимови.
Турнирот беше организиран од Дебатната програма на МОФ, а поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.