Барај
Close this search box.

Мултимедијален настан: Слобода е…

НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ), на 2ри декември 2013 година (понеделник), во 12:00 часот, во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ), во Скопје, ќе организираат завршен мултимедијален настан на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“.

На настанот ќе бидат претставени сите кампањи и мултимедијални содржини (младински локални кампањи, фотографии, репортажни филмови, радио прилози, постери и есеи), кои четириесетина млади активисти од цела Македонија, ги реализираа и ги подготвија а кои се однесуваат на слободата на изразување, борбата против говорот на омраза и заштитата на човековите права.

Во рамките на овој мултимедијален настан ќе биде организирана и дебата насловена како:

Храброст или страв – што е посилно во борбата за слободно изразување?

Панелистите: Суад Мисини, граѓански активист и аналитичар; Петрит Сарачини, активист и експерт за медиуми; Ључо Бубо Каров, К-15, Кристина Леловац, актерка и Марјан Забрчанец, МОФ, ќе зборуваат за  (не)почитувањето на граѓанските, политичките, медиумските и младинските слободи, но и за тоа колку уметноста, творештвото,  хуморот и сатирата се слободни во Македонија. Модератор на дискусијата ќе биде Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот.

НВО Инфоцентарот и МОФ, преку проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), сакаат да ја поттикнат креативноста на младите луѓе, но уште повеќе, да ги охрабрат и да ги обучат младите да бидат активни, гласни и видливи во битката за  слободата на изразување и заштита на човековите права.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: