Барај
Close this search box.

„На Неготино му треба…“ јавен настан на младите од Неготино

Во рамките на проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики во 12 општини“ на Младинскиот образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, а финансиран со средства од Европската унија, викендов во Неготино се одржа јавниот настан насловен како „На Неготино му треба …“ на кој активно учество зедоа голем број млади лица од оваа општина.

Имено, земјаќи ја како неспорна потребата од приближување на младите до процесите на одлучување, тие сметаат дека младинскиот совет кој е во фаза на формирање ќе биде токму онаа алатка која им недостасува на младите во неготинска општина.

За таа цел, на овој настан се говореше за промоцијата и потребата од функционирањето на локалниот младински совет во неготинска општина-настан на кој исто така стана збор и се дискутираше и за други прашања поврзани со дејствувањето на советот, неговата цел формирање и работа. Присутните заклучија дека имаат зацртани идеи и цели како да ја креираат општина Неготино онака како што тие замислуваат дека треба да биде, при што нивните идеи и мислења би биле секојдневно и директно застапувани, изјавуваат од Иницијативниот одбор за формирање на локален младински совет на општина Неготино.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: