Националното дебатно првенство за почетници е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира секој декември за новите дебатери. На овој турнир дебатерите имаат прилика за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања во нивните дебатни клубови.
Турнирот ќе се одржи на 18, 19 и 20 декември во Скопје.
CA – тим:
Соња Митиќ (CA) – Главен судија
Ѓорѓи Димески (DCA) – Заменик главен судија
Петар Барлаковски (DCA) – Заменик главен судија
Формат: World Schools Debate Format
Рунди: Турнирот се содржи од 6 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. На прелиминарните рунди ќе се дебатира на една подготвена теза и две импромпту тези.
Однапред подготвената теза гласи: „Овој Дом верува дека социјално-загрозените фамилии треба да примаат дополнителна финансиска помош чија висина ќе зависи од училишниот успех на нивните деца“. Во полуфинале ќе се дебатира на импромпту теза, а во финалето ќе се дебатира на веќе зададената теза. Националното дебатно првенство за почетници се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Регистрација на тимови: http://goo.gl/forms/