Младински обрзовен форум и Радио МОФ во рамки на кампањата #УраЗаКултура како дел од „Проектот за младинско изразување“ финансиран од Европската Унија објавуваат награден конкурс за илустрација на тема „Наш јавен простор“. Целта на конкурсот е да ја подигне свеста за важноста за вклучување на младите во општествено одговорни прашања кои се значајни за унапредување на демократијата.
Право на учество имаат сите млади на возраст од 15 до 35 години кои сакаат да понудат креативно решение за проблемот со окупацијата на јавниот простор, тоа вклучува улица, тротоар, плоштад, парк па се до неискористените објекти во и околу вашиот град.
Зошто јавен простор?
Јавните простори се важни бидејќи преку нив се изградува колективен идентитет на граѓаните, кои на тие простори комуницираат. Овие простори нудат уметничка и културна автономија преку организирање на различни активности, како на пример уметнички пеформанси, концерти, алтернативни кино проекции, самоорганизирани библиотеки и дебати. Но, изминативе години се соочуваме со комерцијализација на заедничките простори во градот. Поточно, тие што останаа.
Насоки за наградниот конкурс:
Идејата на конкурсот е авторот да понуди нова, „свежа“ перспектива во решавање на овој проблем. Одберете постоечки, или измислете ваш јавен простор, кому преку вашата илустрација/интервенција ќе му дадете функција.
Секој учесник во конкурсот е дозволено да испрати по една илустрација во А3 формат. Илустрацијата да биде без непотребни вулгарности, но апсолутно се дозволени духовитост, креативност и сатира. Нема ограничување на идеи, слики, цртежи за илустрацијата!
Илустрацијата се испраќа на info@radiomof.mk, најдоцна до 20 септември 2019 со назнака „Награден конкурс за илустрација“. Заедно со илустрацијата потребно е да бидат испрататени и податоци за авторот (име, презиме, псевдоним, возраст и телефонски број). При пријавувањето назначете дали сакате вашата илустрација да биде објавена под псевдоним.
Сите илустрации ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Радио МОФ, а исто така ќе бидат отпечатени и изложени на финалниот настан на Радио МОФ кампањата #УраЗаКултура. Најдобрaтa илустрација ќе ja избере комисијата составена од претставници на Радио МОФ и Младински образовен форум и Ѓорѓе Јовановиќ, ликовен уметник. Авторот на најдобрата илустрација ќе биде награден со ваучер во износ од 6.000 денари за ИТ опрема.
За повеќе информации обратете се на 02/3139692 или stefanija_tenekedjieva@radiomof.mk