Најава: Овој дом верува дека факултетската диплома ја губи својата вредност

Дебатниот клуб на Филозофскиот факултет ве поканува на јавна дебата на тема „Овој дом верува дека факултетската диплома ја губи својата вредност.“ Дебатата ќе се одржи во салата за состаноци на Филозофскиот факултет, во петок, 15 март со почеток во 13.00 часот.

На дебатата воведен говор ќе одржи координаторот за Еразмус програмата на Филозофскиот факултет, проф. д-р. Владимир Трајковски.

Покрај воведниот говор на проф. Трајковски и говорите на дебатерите, шанса за дискусија и прашања ќе има и публиката која ќе ја следи дебата. Доколку ве интересира темата и имате свое мислење кое сакате да го споделите, повелете на дебата.

Дебатниот клуб  при Филозофскиот факултет е поддржан од Младински образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: