Барај
Close this search box.

Најава: Трибина во Штип „Сложни млади совет прават“

На ден 26.03.2013 (вторник), во банкет салата – хотел Оаза Штип, со почеток од 12:00 часот ќе се одржи третата по ред јавна дискусија на тема „Основање на Национален младински совет‘‘. Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се претставници на невладиниот сектор, релевантните државни институции, како и претставници од повеќето амбасади и конзулати во РМ.

Целта на претстојните јавни дискусии е сослушување на конструктивни критики и предлози од сите чинители кои ќе бидат засегнати со Националниот Младински Совет. Иницијативниот Одбор, како координативно тело, ќе ги вклопи собраните мислења од дискусиите во предлог документите и структурата кои ќе бидат претставени на Основачкото Собрание. Од овие причини, веруваме дека Вашето присуство е од непроценлива важност за функционирањето и успешноста на процесот, како и за изградба на легитимитетот на еден постојан Национален Младински Совет.

Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 39 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание. 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: