[Најава] Младите со акција за чист воздух во Битола

Младински образовен форум Ве поканува на настанот „Сакам да дишам длабоко!“, кој ќе се одржи на плоштадот Магнолија, на 18-ти ноември 2013 година со почеток од 12 часот.

Еднодневниот настан има за цел:

– Подигнување на свеста на граѓаните во однос на загаденоста на воздухот во Битола;
– Поттикнување на граѓаните да ја потпишат иницијативата за мерни станици;
– Остварување на правото на здрава животна средина

Во таа насока, настанот ќе содржи: потпишување на иницијaтива за поставување на мерни станици кои ќе го мерат загадувањето на воздухот, како и промоција на локални DJ-и и млади уметници кои на креативен начин, преку музика и цртежи, ќе го искажуват својот став кон овој проблем.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: