Барај
Close this search box.

NacionalnoНационалното дебатно првенство е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира секоја година. Целта на овој турнир е да се избере и прогласи националниот шампион во дебатата, а воедно и претставник на Светското дебатно првенство во Карл Попер формат.

На претстојниот турнирот ќе учествуваат дебатери од 14 градови во Македонија, односно од 22 дебатни клубови. Поради се поголемиот број на средношколци кои учестуваат во дебатните клубови, од оваа година за прв пат МОФ спроведува нов систем на натпреварување на Националното дебатно првенство 2013. Системот на натпреварување вклучува регионални квалификациски турнири за сите дебатни клубови во државата. Преку 4 квалификациски турнири ќе бидат избрани најдобрите 16 тимови кои ќе дебатираат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство.
Форматот на кој се дебатира е Карл Попер дебатен формат, а официјален јазик на турнирот е  англискиот јазик.

Kвалификациски турнири според региони се следните:

16ти и 17ти март 2013
Квалификации во Штип: Струмица, Гевгелија, Кратово, Штип, Делчево.
Квалификации во Битола: Битола, Кичево, Велес, Неготино.

30ти и 31ви март 2013
Квалификации во Скопје: Скопје
Квалификации во Тетово: Тетово, Струга, Дебар, Куманово

13 и 14 април 2013– Завршен турнир на Националното дебатно првенство 2013

Дебатните клубови се поделени според бројот на дебатни клубови во градовите и нивната географската поставеност.

Тезата на овогодинешниот Национален турнир е следнава: “The use of illegal digital tools in pursuit of political ends should be decriminalized.“

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: