Најава: Обука на волонтери за користење на ЗСПИЈК

На 29 март (петок) 2013 година со почеток во 13 часот ќе се одржи обука за користење на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како истражувачка алатка.

На оваа обука ќе присуствуваат волонтери од 4 државни факултети, и тоа: Правниот факултет „Јустинијан Први“, Машинскиот факултет, Филозофскиот факултет и Факултетот за физичка култура, сите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Обуката се одржува како соработка со факултетите за спроведување на истражувања од страна на Младински образовен форум, користејќи го овој закон за спроведување на истражувања.

Сподели