Младински образовен форум (МОФ) организира прес-конференција на која ќе ги претстави своите анализи и согледувања за целите и начинот на спроведување на екстерното оценување во Македонија.
Прес-конференцијата ќе се одржи на 19.06.2013 година (среда), во 12:00 часот во просториите на Младински образовен форум на адреса: Дренак 34-А, Скопје. (мапа: www.0.mk/mofmapa)
Покрај анализата на податоците до кои дојде МОФ, на прес-конференцијата ќе бидат објавени и конкретни препораки и барања до надлежните институции.
На прес-конференцијата поканети се новинари, сниматели и фото-репортери.