Најава: Турнир и финална дебата – Национално дебатно првенство 2013

Во периодот од 13-15 април 2013 година, Младински образовен форум  го организира годишното Национално дебатно првенство на кое во дебата се натпреваруваат стотина средношколци дебатери, тренери и судии од клубовите на Младински образовен форум од Скопје, Велес, Кичево, Штип, Кратово, Битола, Тетово и Куманово.

Финалната јавна дебата на која ќе се натпреваруваат најдобрите два тима на турнирот, ќе се одржи во понеделник, 15ти април 2013, во библиотеката на СУГС „Орце Николов“ со почеток во 14.00 часот.

Тезата на финалната дебата е следната:

 „Универзитетите треба да дозволат сите академски трудови кои ги продуцираат, вклучувајќи научни статии, учебници и снимени предавања да бидат достапни за пошироката јавност“.

Покрај дебатерите за време на настанот ќе се обратат и преставници на МОФ, како и релевантни говорници на темата. По завршување на дебатата ќе бидат прогласени и наградени најдобриот тим и најдобрите говорници на Националното дебатно првенство 2013. Националното дебатно првенство има за цел да промовира младинска компетитивност базирана на организирана и аргуметирана дискусија.

На финалната дебата и претходат прелиминарни дебатни рунди преку кои ќе бидат одбрани најдобрите тимови кои ќе се натпреваруваат во свеченото финале. Прелиминарните дебати на 13ти, 14ти април се одржуваат во просториите на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Повеќе за квалификациските турнири кои беа дел од Националното дебатно првенство, можете да прочитате на следниве линкови:

[30,31 март 2013] Регионален турнир одржан во Скопје и Тетово

[16,17 март 2013] Регионален турнир одржан во Штип и Битола

Сподели