Дебатниот Клуб во Неготино дел од мрежата на Дебатните Клубови на Младински образовен форум – МОФ во соработка со Центар за Регионален Одржлив Развој – ЦРОР по втор пат го организираше Локалниот дебатен турнир – Неготинијада 2 во просториите на ООУ. „Страшо Пинџур“.
Финалето на турниот на кое ќе дебатираат најдобрите дебатни тимови ќе се одржи на 12 март (четврток) 2015 во Собраниската сала на Општина Неготино со почеток во 18:30 часот. На финалната дебата ќе дебатираат Вероника Николова, Симон Ѓорѓиев, Тимотеј Илиев против Дарко Јованов, Дејан Пановски, Анета Трајкова.
Финалето ќе може да се следи во живо на youtube.com/crorcrsd
На турнирот учествуваа 18 дебатери во 6 дебатни тимови и 6 дебатни судии (Емилија Андонова, Стефан Андонов, Стефан Ристовски, Томислав Насков, Димитри Самандов и Јане Степанов) и 6 волонтерки (Диана Џорова, Надица Атанасовска, Цветанка Маркова, Тиана Ефремова, Кристина Николова, Бојана Алтанџиева).
Тезата на која се дебатираше беше Овој Дом верува дека тортурата е оправдана во одредени случаи, додека импромпту тезата беше: Овој Дом верува дека интернетот носо повеќе лошо од добро.
На овој дебатен турнир, дебатираа тимовите:
– Three and a half man (Никола Ручкоманов, Благоја Тодоровски, Јордан Лазов)
– Deadly Hunters (Љубица Јованова, Надица Димова, Ивона Атанасова)
– Dream killers (Стојанче Ајтов, Татјана Камчева, Софија Илиевска)
– Штребери (Дарко Јованов, Дејан Пановски, Анета Трајкова)
– Секташи (Мартин Намичев, Зорица Капетанова, Ване Јордановски)
– Qu’est – ce que c’est (Вероника Николова, Симон Ѓорѓиев, Тимотеј Илиев)
Турнирот се одржа со поддршка од ООУ. „Страшо Пинџур” како и од Градоначалникот г-н Ванчо Апостолов на општина Неготино.
Зголемениот број на младите лица во Дебатниот Клуб во Неготино покажува дека на дебатерите им треба место и простор за покажување на научените техники во дебатирање како и споделување на сето научено преку годината со останатите млади лица во општина Неготино. Иако преку текот на годината има простор за дебатери на Почетничкиот и Национален дебатен турнир во органиација на МОФ сепак не секогаш успеаваат сите дебатери да дебатираат и да ги искажат своите вештини на национално ниво, токму затоа сметаме дека овој турнир е место за младите од овој клуб од Неготино за проба за своите вештини како и потреба за младите за зацврстување на своето знаење во дебата.
Дебатниот турнир е во рамки на проектот на Младински образовен форум „Младинска ангажираност за социјални промени“ поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.