Барај
Close this search box.

Најдобрите говорници на Националното дебатно првенство, добија целосни стипендии за студирање од ФОН универзитетот.

Младински образовен форум и оваа година го организираше својот најголем дебатен турнир – Националното дебатно првенство. Во текот на изминатиот викенд повеќе од 100 дебатери и 50 судии се натпреваруваа за титулата национален шампион.

На турнирот кој се одржа од 24 до 26 април во просториите на Универзитетот ФОН, учествуваа средношколци кои во текот на целата учебна година слушале предавања за дебата во склоп на клубовите на МОФ. Турнирот вклучуваше 6 прелиминарни рунди, полуфинале и финале, каде официјален јазик беше англискиот.

За време на прелиминарните рунди, полуфиналето и финалето, учесниците дебатираа на две подготвени тези и две импромпту тези:

“THBT sexually assertive female pop stars that identify as feminists are harmful for feminism.” – “ОДВД секуално наметливите поп ѕвезди кои се идентификуваат како феминистки се штетни за феминизмот.”

“THBT an international  military intervention against Boko Haram is justified against the views of the Nigerian government.” – “ОДВД меѓународна воена интервенција против Боко Харам е оправдана, без разлика на гледиштата на Нигериската влада.”

Изборот на тезите го прават главните судии на турнирот, со цел дебатерите да истражуваат и размислуваат на теми од домашно и меѓународно општествено значење.

Целта на националното дебатно првенство е да се одбере најдобриот тим и најдобриот говорник. Годинава титулата национални шампиони во дебата ја зема тимот составен од: Соња МитиќКалина Прелиќ и Кристина Маџовска. Најдобрите тројца говорници на турнирот а воедно девојќите кој ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот турнир Heart of Europe се: Соња МитиќКристина Маџовска и Ана Арсовска.

Како еден од најголемите подржувачи на дебатата во Македонија, Универзитетот ФОН им додели целосни стипендии на тројцата најдобри говорници.

Турнирот е подржан од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, IDEA, Nestle, Vitalia во соработка со Универзитетот ФОН.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: