Најголемиот дебатен турнир за почетници се случува викендов

Turneu më I madhë për fillestar do të realizohet këtë vikend

Овој викенд, дебатната програма ќе го организира најголемиот дебатен турнир за почетници.

На овој турнир учество ќе земат повеќе од 250 дебатери. Некои од нив ќе имаат можност прв пат да дебатираат, некои се искусни предавачи и судии кои ќе го споделат своето знаење со останатите.

Дебатната програма на Младинскиот oбразовен форум традиционално го организира Националниот дебатен турнир за почетници, каде новите членови на дебатните клубови за прв пат официјално дебатираат на компетитивен турнир. Оваа година, турнирот ќе се одржи од 20 до 22 декември во просториите на Првиот приватен Универзитет ФОН.

Целта на турнирот е по неколку месеци теоретски предавања за дебатниот формат Карл Попер, средношколците практично да ги применат стекнатите знаења и да се здобијат со вештини и искуства во дебатирање. Оваа година средношколците дебатери ќе дебатираат на тезата: „Генетски модифицираната храна треба да се забрани“.

На турнирот учество ќе земат 60 тимови од 16 градови во Македонија кои меѓусебно ќе се соочат во 4 прелиминарни рунди, а оние најуспешните ќе продолжат во полуфинале и финале.

Пресудите ќе ги носат 30 судии од сите градови во кои се спроведува дебатната програма на МОФ. Главен судија на турнирот оваа година е Георги Велковски кој ќе се погрижи да се запази регуларноста на турнирот.

Во склоп на турнирот ќе биде организирана и забава за дебатерите на 21ви декември каде што ќе бидат објавени имињата на полуфиналистите.

ФОН Универзитетот овозможи дебатниот турнир втора година по ред да се случува во неговите простории.

Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Инстуционалниот грант на Меѓународната дебатна и едукативна асоцијација(ИДЕА)

_________________________________________________________________

Këtë vikend, progami debatues do të organizon turnirin më të madhë për fillestar.

Do të marrin pjesë më shumë se 250 debatues. Disa prej tyre do të kenë mundësi për herë të parë të debatojnë, disa janë ligjeures me përvojë dhe referë që do ta shpërndajnë diturinë e tyre me të tjerët.

Programi debatues I Forumit Edukativo Rinor tradicionalisht organizon turne nacional debatues për fillestar, ku anëtarët e rinjë të klubeve debatuese për herë të parë oficialisht do të debatojnë në një turnirë kompetitiv. Këtë vit, turniri do të realizohet nga data 20 deri më 22 dhjetor na Universitetin e parë privat FON.

Qëllimi I turnirit është pasë disa muajve ligjerata teorike të formatit debatues Karl Poper, nxënësit e shkollave të mesme në formë praktike ti zbatojnë dituritë e fituara dhe të përfitojnë shkathtësi dhe përvoje të debatimit.
Këtë vit debatuesit do të debatojnë në tezën “ Ushqimi I modifikuar gjenetik duhet të ndalohet”

Në turnir do të marrin pjesë 60 ekipe nga 16 qytete të Maqedonisë ku ndërmjet veti do të ballafaqohen në 4 raunde preeliminare, kurse më të sukseshmit do të vazhdojnë në gjysëmfinale dhe finale.

Vendimet arbitrare do ti sjellin 30 arbitra nga gjithë qytetet ku realizohet programi debatues I MOF-it. Arbitër kryesorë I këtojë turniri do të jetë Gjorgjo Vellkovski që do të përkujdeset për qasjen objektive të turnirit.

Në kuadër të turnirit do të organizohet aheng për debatuesit me 21 dhjetor ku do të shpallen edhe emrat e gjysëmfinalistëve.

Univeristeti FON mundësoi që turniri debatues dy vjet me rradhë të realizohet në hapësirat e saja.

Progarmi debatues është e mbështetur nga shoqëria e hapur Maqedoni, proekt I USAID për marrëdhënie ndëretnike të arsimit dhe grantimi insitutcional I debatimit ndërkombëtarë dhe asociacioni edukativ ( IDEA)

Агенда

Петок ( 20.12.2013 )
13:00 – 15:30

       16:30

16:3017:00

Пристигнување

Meeting point железничка станица Скопје

Тргнување со автобус на ФОН

17:00 – 18:00 Регистрација на тимови и судии
18:0018:30 Отварање на турнирот
18:3020:00

       20:15

Предавања и подготовка за турнирот

Заминување од ФОН

 

Сабота ( 21.12.2013)
       09:30

       09:45

       10:00

Meeting point железничка станица Скопје

Тргнување со автобус на ФОН

Пристигнување во ФОН

10:30 – 12:30 Рунда 1
12:30 – 13:00 Пауза
13:00 – 15:00 Рунда 2
15:00 – 16:00 Ручек
16:00 – 18:00 Рунда 3(затворена рунда)
18:00 – 18:15

18:15 –  19:30

      19:45

Пауза

Рунда 4 (затворена рунда)

Заминување од ФОН и враќање во хостели

21:30 – 00:30 Забава
Недела ( 22.12.2013 )
      09:00

10:00 – 11:30

     11:30

Пристигнување на полуфиналистите

Полуфинале

Тргање на автобусите од железничка станица Скопје

     12:00 Објавување на финалисти
12:30 – 14:30

14:30 – 15:00

Финале

Заминување

   
      
Сподели