Насликај ја својата иднина – Настан на младите од Делчево

IMG_0404Преку креативна акција и фотографии младите од општина Делчево на креативен начин и преку различни активности искажаа и покажаа што сакаат во својата општина.

На 13ти декември, со почеток во 13 часот се одржа вториот јавен настан „Насликај ја својата иднина“ на иницијативата за основање на младински совет во општина Делчево, дел од проектот на Младински образовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од Европската унија.

Оваа локална акција, која се случуваше во најголем дел во градскиот парк во Делчево и на уште неколку други локации се спроведе со цел на младите во општината да им се понуди канал преку кој креативно го искажаа своето мислење и ги покажаа потребите кон општината, исто така ја промовира потребата од локално младинско здружување со цел да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат. На настанот заинтересираните млади ги запишуваа своите пораки и желби за Делчево, поврзани со потребите на младите на својата рака и дланка и со напишаната порака беа фотографирани на различни локации, во зависност од пораката.

По завршувањето на настанот од фотографиите ќе се изработи календар „Календар на младинската иднина во општина Делчево“. На настанот учество земаа голем број на млади и други заинтеесирани граѓани кои дадоа целосна поддршка на иницијативата за формирање на локален младински совет и организирањето на вакви настани кои гоистакнуваат младинското здружување во градот.

Настанот се затвори во 15 часот.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (IPA Programme – Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: